Северна Кореја истрела уште една ракета, пробата неуспешна

Северна Кореја изведе денеска уште една проба со лансирање балистичка ракета, но според американски и јужнокорејски експерти, тестот бил неуспешен.
Јужнокорејската војска соопшти дека ракетата со среден дострел, од типот КН-17, испукана од регионот Пукчанг, достигнала височина од 71 километар, но се распаднала по само неколку минути во воздух.
По лансирањето на ракетата, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Северна Кореја не ја почитува Кина и нејзиниот претседател со тоа што врши ракетни проби.
Претходно, пред лансирањето на ракетата, кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји изјави на седницата на Советот за безбедност на ОН дека не е само на Кина да го решава проблемот со оваа земја.
- Клучот за решавање на нуклеарните проблеми на полуостровот не е само во рацете на Кина, потенцираше тој.
Денешната, неуспешна, проба е четврта која од почетокот на март ја извела Северна Кореја.
Ново на Сител
-

Сиљановска: 2026 ќе биде година на реформи
-

Гаши: Со единство до напредок
-

Мицкоски: 2026 ќе биде година на напредок
-

Паркирањето во центарот на Штип целосно се дигитализира
-

Преглед на вестите од светот
-

За 8 години тројно намален и бројот на железнички линии и на патници
-

Тема на денот со Александар Спасеновски, универзитетски професор
-

Граѓаните се подготвуваат за најлудата ноќ, програма ќе има и на Плоштад Македонија
