Северна Кореја: Говорот на Трамп е „кучешки лаеж“

Министерот за надворешни работи на Северна Кореја, Ри Џонг-хо, говорот на Трамп во Генералното собрание на ОН го нарече „кучешки лаеж".
Меѓутоа, острите зборови на Трамп, севернокорејскиот висок дипломат немаше можност да ги чуе, бидејќи демонстративно ја напушти салата пред говорот на американскиот претседател.
Ри Џонг-хо сепак ги коментираше заканите на Трамп, но пред седиштето на ОН. Тоа е прва официјална реакција од Пјонгјанг на говорот на американскиот претседател.
- Има една изрека која гласи вака: Дури и кога кучето лае, парадата продолжува, рече тој.
Севернокорејскиот министер за надворешни работи оцени дека „ако Трамп очекувал да изненади со звукот на куче што лае, тогаш тој очевидно сонува“.
На прашањето што мисли за изјавата на Трамп, кој го нарече севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун „човек-ракета“ (rocketmаn) кој е во самоубиствена мисија", Ри Џонг- хо саркастично одговори дека „ги сожалува помошниците на Трамп".
Шефот на севернокорејската дипломатија во текот на утрешниот ден ќе има свое обраќање пред Генералното собрание на Обединетите нации.
Ново на Сител
-

13-годишно дете во критична состојба по тепачката во Чаир - Било избодено во срцето
-

Започна учебната година за 238.000 ученици, меѓу нив и скоро 15.000 првачиња
-

Првачињата да побараат братче или сестриче
-

Почнува со настава средното полициско училиште
-

Опаѓа бројот на заразени со западнонилска треска, двајца пациенти во критична состојба
-

Тошковски: „Мазут“ ќе ја фрапира јавноста
-

Даниела Димовска ја презеде функцијата претседател на Кривичниот суд
-

Преглед на вестите од светот
