Свет
28. January 2017 - 10:49

Северна Кореја го рестартирала нуклеарниот реактор, според групата „38 Север“

Најновите сателитски снимки покажуваат дека Северна Кореја го рестартирала нуклеарниот реактор во Јонбон, соопшти денеска истражувачката група „38 Север“, со седиште во САД, јави ДПА.

На снимките од 22 јануари се гледа водена пареа, како излегува од системот за ладење на реакторот, што покажув дека објектот најверојатно е во употреба.

Реакторот со капацитет од пет мегавати, се користи за производство на плутониум за програмата за развивање нуклеарно оружје на Северна Кореја.

Тензиите во регионот се зајакнаа минатата година, откако Северна Кореја изврши две нуклеарни проби и истрела над 20 балистички ракети.

Јужнокорејски медиуми, повикуивајќи се на воени извори минатата недела соопштија дека Пјонгјанг можеби се подготвува за истрелување на две интерконтинентални балистички ракети.