Северна и Јужна Кореја ги продолжија мировните преговори

Северна и Јужна Кореја денеска ги продолжија преговорите на највисоко ниво, со цел избегнување на вооружен судир на Корејскиот Полуостров.
Разговорите зад затворени врати, што во пограничното село Панунџом започнаа вчера, брзо по истекот на ултиматумот од Пјонгјанг до Сеул да прекине со емитување на прекугранична пропаганда, продолжија денеска во осум часот изутрина по средноевропско време.
Маратонската преговарачка средба траеше во саботата до длабоко во ноќта и прекината е во раните утрински часови без конечен договор.
На разговорите присуствуваа четири делегати, по два од двете страни, вклучително советници за национална безбедност на јужнокорејската претседателка и човекот што се смета за втор човек зад севернокорејскиот лидер Хван Понг Соа.
Севернокорејската народна армија, на наредба на лидерот Ким Џонг Ун, се наоѓа во полна вооружена и борбена готовност, а Министерството за надворешни работи на Пјонгјанг денеска предупреди дека ситуацијата се наоѓа на раб на војна и дека е тешко да се контролира.
Кризата на Корејскиот Полуостров настана откако неодамна Јужна Кореја преку 11 звучници започна да емитува програма, што содржи најнови вести од корејскиот полуостров и од светот, како и емисии во кои се фали демократијата и економскиот раст на Сеул во однос на репресивната политика на Пјонгјанг. Сеул одбива да ја исклучи пропагандата се додека Пјонгјанг не се извини за експлозијата на мини овој месец во кои двајца јужнокорејски војници, кои биле на патрола, се тешко повредени. Северна Кореја ги отфрла обвиненијата за експлозиите.
Ново на Сител
-

Норис ја освои пол-позицијата на унгарското Гран при
-

Кражба од големи размери во електровлечната подстаница Драчево
-

ОЈО Прилеп отвори истрага против референт во Центарот за вработување за поткуп од 18.000 денари.
-

Муцунски го обвини Османи за извртување на фактите и избегнување одговорност
-

55 годишна жена пронајдена почината во коритото од чешмата во село Копаница
-

Панел дискусија за органодарителство, за трансплантација на срце чекаат 29 пациенти, 12 за црн дроб, 160 за бубрези
-

Австрија е против брзо пристапување на Украина во ЕУ
-

При претрес на возило пронајдена дрога, приведени три лица
