Џет-Сет
3. November 2016 - 21:41

Северина се посрамоти пред фановите на Инстаграм

Северина на социјалните мрежи редовно објавува слики од своите модни комбинации, по што добива илјадници позитивни коментари и пофалби.

Сепак со една успеа да ги разбесни фановите.

Сопругата на Игор Којиќ се пофали со слика на која е облечена во сиво од глава до пети, во многу тесни фармерки и краток џемпер кој ја истакнува нејзината витка фигура.

Сепак, на нејзините следбеници во очи им падна тоа што Северина на оваа фотографија изгледа како да претерала со фотошопот, што многумина и напишаа под фотографијата.