Живот
1. April 2024 - 13:42

Северина на настапот во Скопје: Чувајте ја Македонија

Преполната арена „Борис Трајковски“ во Скопје во саботата ја пречека Северина, која со овој концерт ја продолжи актуелната турнеја надвор од границите на Хрватска.

„Ова е наш трет концерт во арената „Борис Трајковски“ и не очекував ваков концерт… Овој пат немавме ниту танчери, но ниту ни требаа, направив се наместо нив, дури ни голема видео продукција, но она што навистина ми е битно, затоа што тоа е моето гориво, е одличен бенд, одлични музичари, ги имаше многу на сцената и кои дадоа се од себе оваа вечер да остане засекогаш запаметена и засекогаш врежана во срцата на публиката, но и нас самите… И тие и јас бевме вчудоневидени и благословени што ги видовме новите генерации како ги пеат нашите песни, како и оние познати луѓе кои веќе доаѓаа на нашите концерти во Македонија. Им благодарам на Скопје, им благодарам за несебичната љубов што ми ја даваа при секоја композиција и морам да кажам дека ова беше еден од најдобрите концерти… Не ја сметам само Македонија. Еден од најдобрите концерти досега… Благодарам“, изјави Северина по концертот.

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Severina (@severina)

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Severina (@severina)