Сеул со нови санкции против Пјонгјанг

Сеул ќе воведе нови санкции за Северна Кореја како одбранбена мерка по последното лансирање на балистички проектил.
Најавата доаѓа по посетата на високиот претставник на ОН, Џефри Фелтман, на Пјонгјанг, кој ја истакна „неопходноста да се спречат грешки при пресметувањето и да се отворат канали за намалување на ризиците од конфликт" со Северна Кореја.
Санкциите се насочени кон 20 севернокорејски организации, главно банки и трговски друштва, како и 12 севернокорејски поединци, претежно банкари, кои ќе бидат ставени на црна листа денеска (11 декември), соопшти Министерство за надворешни работи на Јужна Кореја.
Санкциите им забрануваат на јужнокорејските компании и поединци да тргуваат со правни и физички лица од Северна Кореја. Овие санкции повеќе се симболични со оглед на слабата меѓу-корејска размена.
Ново на Сител
-

Обвинетиот за палење на бугарските возила пресудата ќе ја слушне во среда
-

Пензиските друштва предлагаат промени во пензискиот систем
-

Професорот Никола Јанкуловски е нов претседател на Лекарската комора на Македонија
-

Надзорна расправа за работењето на Алта банка
-

Здравствените домови во Југоистокот добиваат нова опрема и амбулантни возила
-

Старите занаети изумираат
-

Преглед на вестите од светот
-

Утре надзорна расправа за Алта банка во Собрание
