Сеул: Северна Кореја истрела балистички ракети кон Источното Море

Северна Кореја денеска истрела повеќе балистички ракети кон Источното Море, познато и како Јапонско Море, јави јужнокорејската новинска агенција Јонхап, повикувајќи се на војската на Сеул.
Јонхап го цитираше Генералштабот во Сеул кој соопшти дека ги детектирал лансирањата.
-Нашата војска одржува цврст став на подготвеност додека тесно ги споделува информациите за севернокорејските балистички ракети со САД и Јапонија, во услови на засилен надзор против дополнителни лансирања, соопшти Генералштабот.
Ракетите прелетаа околу 900 километри пред да паднат во морето, се наведува во соопштението.
Јапонската новинска агенција Кјодо, повикувајќи се на јапонската крајбрежна стража, објави дека биле истрелани две ракети за кои постои сомневање дека се балистички.
Јонхап наведува дека Пјонгјанг последен пат лансирал балистичка ракета кон Источното Море во ноември.
На Северна Кореја ѝ е забрането со резолуции на ОН да лансира или дури и да тестира балистички ракети од кој било дострел. Овие проектили обично се од типот земја-земја и можат да бидат опремени со нуклеарна боева глава.
МИА
Ново на Сител
-

Хрватска го „скрши мразот“ за камионџиите: Долгорочни визи за спас од хаосот на границите
-

Тема на денот со Ерика Пирметс, експерт за дигитализација од Естонија
-

СДСМ го блокираше заемот од 260 милиони евра
-

Филипче: Власта води лицемерна политика
-

150 години од искрата што ја разбуди Македонија
-

Реакции и барање одговорност по протестот на албанските студенти
-

Поранешни судии, адвокат и нотар во трка за место во Судскиот совет
-

Депонијата во Радовиш гори петти ден, општината со препораки до граѓаните
