-->
-->
Сеул ја затвора заедничката индустриска зона на Северна и Јужна Кореја во Кесон
-->
Јужна Кореја денеска почна да ја затвора индустриската зона со Северна Кореја во градот Кесон, како одговор на неодамнешното истрелување на балистичка ракета од страна на Пјонгјанг.
Стотици јужнокорејски камиони ја преминаа границата со Северна Кореја за да ги вратат опремата и стоките, кои се произведени во заедничкиот индустриски комплекс.
Преставен за време на отварањето во 2004 година како симбол на помирувањето, индустрискиот комплекс беше еден од последните заеднички проекти на соработка меѓу Сеул и Пјонгјанг.
Не е прецизирано колку време ќе биде потребно за да продолжи затворањето на Кесонскиот комплекс, ниту колку време ќе им биде потребно на јужнокорејските компании да ги прекинат своите активности.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЈП „Исар“- Штип воведе 24 часовна стражарска служба на градската депонија
-
Државата ќе ги плати трошоците за складирање на јачмен се до постигнување подобра цена за земјоделците
-
Преглед на вестите од светот
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
СДСМ избра дел од кандидатите за градоначалници
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Кратово доби мултинаменски спортски центар
-
Штипска Апелација одлучи предметот за „Пулс“ да го препрати на Врховен