Сеул и Пекинг: Јапонија не се извини доволно за злосторствата во Втората светска војна
Јапонија, која одбележува 70-годишнина од крајот на Втората светска војна, денеска се соочи со критики од Јужна Кореја и Кина, кои ја обвинија дека не се извинила доволно за своите злосторства извршени во текот на оваа војна.
Јужнокорејската претседателка Парк Геун-Хе побара од Јапонија „да ги усогласи своите зборови со делата“, откако вчера јапонскиот премиер Шинѕо Абе изрази жалење поради воената агресија на својата земја, но не ги задоволи очекувањата на Сеул.
Абе во својот говор не им се извини директно на жртвите на јапонската агресија, туку само нагласи дека идните генерации Јапонци не треба да бидат „предодредени да се извинуваат“ за дејствувањето на својата земја во воен период.
- Историјата никогаш не може да се сокрие. Таа останува жива преку сведочењата на нејзините сведоци, истакна Парк на церемонијата со која е одбележана 70-годишнината од капитулацијата на Јапонија во Втората светска војна, со што заврши јапонската колонизација на Корејскиот Полуостров, која траеше од 1910 до 1945 година.
Претставничка на кинеското Министерство за надворешни работи изјави дека Пекинг треба „искрено да се им се извини на сите луѓе во земјите-жртви“, а не да биде „двосмислен околу суштинско прашање“.
Ново на Сител
-
СПМ: Не сме изненадени од изјавите на одредени домашни лица и нивното упорно користење на „северна“
-
Тешка сообраќајка на патот Кичево-Охрид, повредени три лица
-
Пронајдена неиспукана артилериска граната покрај железничката пруга во атар на село Виничани
-
Герасимовски: Пријавувајте проблеми со јавна чистота, досега пријавени 159 проблеми
-
Викендов променливо и нестабилно време, со локален пороен дожд и појава на невреме
-
Претрес во Битола, пронајдена дрога
-
ЕУ го повика Израел „веднаш“ да ја прекине воената операција Рафа
-
Два пожара на отворено регистрирани изминатото деноноќие