Македонија
14. September 2015 - 17:59
Сериозни преговори за изборот на специјален обвинител
На еден ден пред истекот на рокот за избор на специјален обвинител, на иста маса седнаа преговарачките тимови на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА придружени од медијаторот Питер Ванхауте, евроамбасадорот Аиво Орав и американскиот амбасадор Џес Бејли.
Пратеникот Антонио Милошовски , кој е дел од преговарачкиот тим на ВМРО ДПМНЕ вели дека преговорите влегуваат во сериозна фаза.
Пред почетокот на преговорите, Американскиот амбасадор и Евроамбасадорот Орав беа на заеднички ручек. Бејли запрашан за очекувањата кратко одговори - ќе видиме што ќе се случи.
Со договорот од Пржино политичките партии се обврзаа да го изберат специјалниот обвинител најдоцна до 15 септември.
-->
-->