Сериозна повреда на Војдан Стојановски, капитенот најмалку шест месеци вон кошаркарскиот терен
Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација и член на францускиот прволигаш Гравелин, Војдан Стојановски, ќе отсуствува од теренот најмалку шест месеци поради тешка повреда на коленото.
Стојановски, како што е соопштено, ги скинал предните вкрстени лигаменти на коленото на тренинг пред денешниот меч од францускиот шампионат против тимот на Стразбур.
-Се случи во оние моменти кога најмалку очекуваш. Почувствував како левото колено „излезе“ од некоја нормална положба. Знаев дека нешто не е во ред, Лекарскиот тим веднаш организираше снимање со кое беше потврдено кинење на предниот вкрстен лигамент на коленото. Тоа е животот, ако ништо друго ќе земам одмор, барем и ваков, кој ми беше потребен, изјави Стојановски за официјалниот сајт на Македонската кошаркарска федерација.
Се надевам, додаде, дека во наредните денови менаџментот на клубот ќе ја организира операцијата.
-Сакам да го решам тоа што е можно побрзо. Да влезам во процес на рехабилитација, и да се вратам посилен од било кога, посочи македонскиот капитен.
Поради повредата Стојановски нема да може да му помогне на национален тим во августовските натпревари од втората фаза на претквалификациите за пласман на Светскиот куп во 2023 година.
Ново на Сител
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднела тужба пред Управниот суд на решението на ДИК за прегласувањето во Желино
-
Македонските иселеници од Италија благодарни за честа искажана од претседателката Сиљановска Давкова
-
Претрес во Скопје, приведени двајца дилери
-
Мицотакис: Очекувам јасна изјава од новиот премиер дека името е Северна Македонија и ќе го користи во и вон земјата
-
Папата употребил навредлив термин за геј популацијата, Ватикан експресно се извини
-
Царинска управа на Србија: На преминот Прешево спречен шверц на черепи на девет дивокози и од волк
-
Средба на Мицкоски со Мануел Сарацин, потенцирана важноста за реформските процеси
-
Албанските медиуми: Африм Гаши нов претседател на Собранието на Северна Македонија, поддржан од победничката ВМРО-ДПМНЕ