Серија земјотреси во подрачје на супервулкан во Италија

Областа на супервулканот кај Неапол ја погоди земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала.
Италијанските медиуми пренесуваат дека силен потрес е регистриран денеска во 12:07 часот, со епицентар во морето пред пристаништето Поцуоли. Се претпоставува дека се случил на длабочина од околу три километри.
Овој земјотрес е втор најсилен некогаш регистриран во областа на Флегрејските полиња (Campi Flegrei) – посилен бил само оној од 13 март, кога е измерена јачина од 4,6 степени.
Со оглед на тоа што првпат се случува силен земјотрес среде ден на улиците настанала паника, родителите побрзаа по децата во училиштата, а учениците во многу училишта беа евакуирани од зградите, пишува Кориере дела Сера.
Неколку минути пред главниот удар, забележани беа два помали потреси, обата со јачина од 2,1 степен. Земјотресот беше почувствуван низ целата област на Флегрејските полиња, како и во бројни делови на Неапол.
Петнаесет минути по најсилниот потрес следувал уште еден земјотрес со магнитуда од 3,5 степени. Италијанскиот институт за геофизика и вулканологија (ИНГВ) соопшти дека е во тек серија земјотреси.
Префектот на Неапол, Микеле ди Бари, веднаш го свика Координативниот центар за вонредни ситуации за да се процени ситуацијата на терен.
Италијанскиот министер за цивилна заштита, Нело Мусумечи, свика итен состанок во Рим со челниците на Цивилната заштита и телото Каза Италија, со цел проценка на техничките податоци и моменталната состојба во областа.
Флегрејските полиња се голема област на супервулкански калдери сместени западно од Неапол. Областа е прогласена за регионален парк во 2003 година. Подрачјето на калдерата се состои од 24 кратери и вулкански структури од кои повеќето лежат под вода.
Ново на Сител
-

ЕУ ќе почне пристапни преговори со Украина и Молдавија
-

Трамп изјави дека во американски напад е убиен лидерот на нарко-картелот „Трен де Арагва“
-

Сончево со мала до умерена локална облачност
-

Сиљановска: Оставете не да се европеизираме
-

СП 2026: Еуфорија во БиХ пред првиот натпревар, поддршка даде и американски генерал
-

Нетанјаху: Иран нема да добие нуклеарно оружје додека сум јас премиер
-

Николоски: Договорена директна авиолинија Анкара-Скопје и карго железничко поврзување
-

Американско-израелскиот мировен меморандум може да биде потпишан во недела во Женева
