Серија земјотреси во Охрид - тлото не престана да се тресе

Земјотресите во Охрид малку се разретчија но сеуште ги има и тоа со голем интензитет. Последниот потрес е регистриран ова утро со магнитуда од 3,8 степени по Рихтер, на длабочина од 1 километар. Епицентарот на потресот е на 6 километри од Ресен.
Претходно повеќе потреси во текот на ноќта ги оставија охриѓани без сон. Регистрирани се потреси со јачина од 3 степени, 3,2, 3,1, по Рихтер, потоа потрес од 2,8 степени.
Најсилниот потрес бил со јачина од 4,1 степени по Рихтер.
Повторно во текот на ноќта имаше пет потреси.
Инаку, најсилниот потрес во Охрид се случи завчера попладне и беше со магнитуда од 5 степени по Рихтер, а се почувствува и во Скопје. Охриѓани се во паника веќе со денови, пријавени се околу 200 штети од потресот, а ноќите ги поминуваат во страв под отворено небо.
Екипи на ИЗИС се на тере и повикуваат на смиреност бидејќи според нив афтершоковите од силниот потрес се нормална појава.
Се надеваме потресите ќе запрат.
Ново на Сител
-

Протест за чист воздух во Струмица
-

Дрвокрадци го пустошат дрвниот фонд на Македонија
-

Селекција на отпад
-

Преглед на вестите од светот
-

Колапс на македонската економија ако не се одложи ЕЕС системот за превозниците
-

Тема на денот со Ели Панова, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ
-

Власта обезбеди 2/3 мнозинство за Сејф сити и омбудсманот без СДСМ и ДУИ
-

СДСМ бара враќање на членот 353 од кривичниот законик кои сами го укинаа, за ВМРО-ДПМНЕ ова е лицемерно
