-->
-->
Серија А: Нестровски капитен кај Палермо, Рома победи со 3-0
-->

Македонскиот репрепезентативец Илија Несторовски ја предводеше својата екипа Палермо на синоќешниот дуел против Рома на домашен терен. Тој ја доби шансата да биде капитен на дуелот со фавориот што Рома го доби со 3:0. Несторовски во 5.минута постигна гол од тешка позиција, но поради офсајд судиите го поништија. Иако, медиумите во Италија тврдат дека голот на Несторовски е регуларен.
Стрелци за Рома беа Ел Шарави во 22.минута, Един Џеко во 76.минута и Бруно Перез во 90+2.минута.
Резултати на другите натпревари од оваа рунда: Интер – Аталанта 7:1, Сасуоло – Болоња 0:1, Киево – Емполи 4:0, Фиорентина – Каљари 1:0, Наполи – Кротоне 3:0, Пескара – Удинезе 1:3, Џенова – Сампдорија 0:1 и Јувентус – Милан 2:1.
Вечерва е последниот дуел меѓу Лацио и Торино.
Табела: Јувентус 70 бодови, Рома 62, Наполи 60, Интер 54, Лацио 53, Аталанта 52, Милан 50,...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

„Марш на ангелите“ оваа сабота се одржа во Виница
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски, Коалиција „Сите за правично судење“
-

Вонредна седница на Владата: Продолжени се мерките за цените на горивата
-

По повеќе од три децении започна пробивање и доизградба на булеварот „Борис Трајковски“
-

Миро Кацаров в.д. директор на Универзална сала, следната недела ќе биде распишан повик за ново раководство
-

Партиски препукувања за сторени злоупотреби и криминални шеми
-

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството не го видело извештајот на ДЗР?
-

Ракот на кожа не бира возраст - превенција и рано откривање порачуваат дерматолозите
