Loading Video...
Тенис
12. January 2020 - 15:47
Серена Вилијамс триумфираше во Оукленд
Американката Серена Вилијамс е победничка на ВТА турнирот во Оукленд, Нов Зеланд.
Во финалето Серена за само час и половина ја победи 13-години помладата сонародничка Џесика Пегула
Топ фаворитката ги доби двата сета со 6-3 и 6-4.
Со освојувањето на својот 73-ти трофеј на ВТА турнирите, прво по триумфот на Австралија опен во 2017-та година, Серена најави дека е во одлична форма и дека ќе биде една од фаворитките за титулата пред првиот годинашен Гренд слем.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->