Сепаратистите во Украина подготвуваат офанзива во мај, тврди украински пратеник
Проруските сепаратисти во источна Украина се подготвуваат за масовна офанзива во текот на мај, објави координаторот на украинската група „Информативен отпор“, Дмитриј Тимчук на својот профил на Фејсбук.
- Датумот на акцијата, според гласините, ќе биде за време на мајските празници (првата и втората недела во мај), наведе Тимчук, кој е пратеник во украинскиот Парламенет од редовите на Народниот фронт на премиерот Арсениј Јацењук.
Тимчук тврди дека во рамки на подготовките за офанзивата во „зоната на антитерористичката операција“, украински термин за реоните под контрола на сепаратистите во источна Украина, пристигнале припадници на руската специјална единица „Спецназ“ со задачи да вршат киднапирања и ликвидации.
Претходно и штабот на украинските сили во источна Украина соопшти дека во реонот на градот Долкучаевск „се појавиле припадници на единица за специјални намени на Руската Федерација“.
Ново на Сител
-
Последна контрола за пред заминувањето за Ерменија
-
Милвоки го отпушти Лилард
-
Еванс противник на Ѓоковиќ во 2. коло на Вимблдон
-
Елиминирана шампионката на Ролан Гарос
-
Барди го заврши претстојот во Бодрум
-
Пожарот кај Грчиште се уште не е ставен под контрола, вчера полесно повредени двајца вработени во „Македонски шуми“
-
Борусија Дортмунд и Реал Мадрид последни четвртфиналисти
-
Почнува собраниската расправа за ребалансот на Буџетот