Сенатот одобри правила за постапката за отповикување на Трамп

По 13-часовна расправа, американскиот Сенат усвои правила за спроведување на процесот на отповикување на американскиот претседател Доналд Трамп, вклучително и одложување на дебатата за повикување сведоци до средината на судењето.
Со 53 гласа „за“ и 47 „против“, Сенатот усвои план со кој им се дозволува на сенаторите обвинители да почнат случај подоцна во текот на денот.
Американскиот Сенат каде републиканците се мнозинство ги отфрли претходните обиди на три демократи да ја обврзат Белата куќа да поднесе документ за исплата на воена помош за Украина.
Таа одлука ја донесе Сенатот за време на првиот ден од судењето во процесот на отповикување на претседателот на САД, Доналд Трамп, што беше обележано со расправа за правилата формулирани во резолуцијата, предложени од Мич Меконел, лидер на мнозинството во Сенатот.
Според резолуцијата предложена од Меконел – претставниците на демократите кои служат како обвинители, како и правниот тим на претседателот во процесот на отповикување, имаат дваесет и четири часа во наредните три дена да го претстават своето видување за случајот.
Ново на Сител
-

Потпишан меморандум за соработка
-

Прв академски час на УГД - обpаќање на премиерот до бруцошите
-

Прв академски час на АУЕ-ФОН
-

Прв академски час, но и први студентски предизвици
-

Вештакот на Јованов тврди: „Пулс“ не бил реконструиран, туку само ентериерно уреден
-

Уапсени 20 лица во акцијата во Прилеп
-

Продолжува судењето за Пулс
-

Филипче: Собранието да го донесе законот за 600 евра минималец
