Свет
2. August 2017 - 8:43

Сенатот го потврди изборот на Вреј за нов директор на ФБИ

Американскиот Сенат го потврди изборот на Кристофер Вреј за нов шеф на Федералното истражно биро.

За изборот на Вреј гласаа 92 сенатори, а петмина беа против.

Вреј (50) е избран речиси три месеци откако претседателот Доналд Трамп го смени претходниот директор Џејмс Коми.

Тој имаше висока функција во Министерството за правда за време на претседателскиот мандат на Џорџ Буш Помладиот.