Семинар за обука за органско производство

Пазарот на органските земјоделски производи е еден од најбрзо растечките сегменти на европскиот пазар на земјоделски производи. Тоа е резултат на зголемената свест за заштитата на човековата околина и здравјето на потрошувачите. Европската Унија го промовира органското земјоделство заради неговото веќе признаено учество во заштитата на околината како и заради една социјална придобивка, а тоа е руралниот развој.
Ова денеска беше истакнато на семинарот на тема „Зелена програма за органско производство“ во организација на Фондацијата Агро-центар за едукација (ФАЦЕ) во партнерство со средните земјоделски училишта „Браќа Миладиновци“ и „Кочо Рацин“, Балкан Биоцерт и трите странски пертнери ИФСАТ од Холандија, ВМА од Исланд и ИНЕА од Шпанија кои заеднички го имpлементираат проектот ГринПОП-Зелена програма за органско производство со поддршка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
Љупчо Тошев од Фондацијата АЦЕ појасни дека целта на ГринПОП е да им се овозможи на давателите на образовните услуги од сферата на земјоделството да испорачуваат иновативни програми за обука и курсеви за одржливо (органско) земјоделство со фокус на практична обука наменета за две целни групи.
- Првата целна група се учениците од земјоделските училишта од втора, трета и четврта година како идни производители, вработени и претприемачи, преку програма за пракса на органска фарма, а втората група се претприемачите, фармерите и вработенита за кои ќе се развијат посебни кратки модуларни курсеви за органско производство, истакна Тошев.
Според него, крајната цел на проектот е да се креира една оперативна и акредитивна програма за стручно образование и обука врз база на модуларни курсеви за доживотно учење за органско производство во Македонија, имплементирана од обучен кадар.
Проектот ќе користи компаративен пристап со учество на секој партнер во ГринПОП, преку тестирање на пристапите за учење и развој на земјоделството базирано на искуствените практики на учење. Проектот има социјален пристап, користејќи инпути од ученици, експерти и други чинители, тестирајќи ги компетициите од учењето преку алатки од реалните животни ситуации.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Ангелова победи на изборите за ректор на УКИМ - поените од институтите пресудија во трката
-

14 лица повикани во полиција за монструозното меѓуврсничко насилство во Ѓорче
-

Вонредни контроли на ДСЗИ поврзани со илегалните ботокси и филери
-

Сали: Интензивно работиме на реформите
-

ИПАРД средствата повторно се достапни за земјоделците, Брисел потврди дека нема пропусти
-

Се избира ректор на УКИМ
-

Жртвите во „Пулс“ починале од труење со јаглерод моноксид
