Семинар „Холокаустот: парадигма или почетна точка?“ за професори по историја

Во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, од денеска до 26-ти овој месец се одржува семинар на тема „Холокаустот: парадигма или почетна точка?“, наменет за професори по историја од средните училишта во Република Македонија.
Од Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија информираат дека овој едукативен семинар го организираат во соработка со Министерството за образование и наука во Република Македонија и Memorial de la Shoah од Париз, Франција.
На денешното свечено отворање на семинарот се обратија Горан Садикаријо - генерален извршен директор на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, Сафет Незири - државен советник во Министерството за образование и наука на РМ, Јован Теговски - амбасадор и национален координатор за меѓународна алијанса за сеќавање на холокаустот, Кристине Алтхаузерн - амбасадор на Германија во Македонија, Кристијан Тимониер - амбасадор на Франција во Македонија и Бруно Бојер - директор за односи со странство во Memorial de la Shoah од Париз.
На семинарот учествуваат 43 професори по историја од средните училишта во Македонија, кои ќе имаат можност да ги прошират своите знаења за холокаустот, како и методите за практична примена во наставната програма. Учесниците на семинарот ќе имаат можност да учат од врвни експерти од оваа област, како што се Надеж Рагари, Политички науки, Центар за меѓународни студии и истражувања (CERI), Милан Кољанин, Институт за современа историја, Милован Писари, Центар за холокауст образование, Теон Џинго, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Мишо Докмановиќ, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Паскал Закари, Меморијал де ла Шоа; Гонзало де Чезаре, ОБСЕ во Македонија и Офир Леви, Универзитет Париз III.
Ново на Сител
-

Фон дер Лајен в петок доаѓа во Скопје на средби со претседателката Сиљановска Давкова и премиерот Мицкоски
-

ОпенАИ се извини за упадот на веб-страниците на австралиската влада - сака „повторно да ја изгради довербата“ кај Австралијците
-

Денеска се одбележува Светскиот ден на срцето
-

Од 1 до 30 октомври 2026 продолжување на правото на студентска стипендија
-

Илјадници луѓе протестираа во Прага против владата на Бабиш
-

Во Собранието продолжува Регионалната конференција за фемицид во Југоисточна Европа
-

Македонската фудбалска репрезентација гостува во Словенија
-

Трамп: САД многу брзо ќе победат во војната со Иран
