Семејството Стефановски привремено сместено по пожарот во нивниот дом
Центарот за социјални работи Куманово понуди интервентно сместување на семејството Стефановски коe во завчерашниот пожар го изгуби својот дом, поранешна постројка „Карпош“ над село Речица, кумановско.
Во соопштението се наведува дека претставници на јавната установа меѓуопштински центар за социјална работа Куманово, веднаш по добиеното сознание го посетиле опожарениот дом на семејството Стефановски, извршиле увид и презеле активности за помош и поддршка.
- Во соработка со Интернатот „Професор Мијалковиќ“ понудено е интервентно сместување на самохраниот родител, неговата вонбрачна сопруга и неговото дете, лице со посебни потреби над 26 годишна возраст. Согласно законските можности на Момчило му се дадени совети како невработено лице да поднесе барање за добивање на социјална парична помош, како и еднократна парична помош. Семејството користи додаток за нега од трето лице за неговиот син кој е лице со посебни потреби, се наведува во соопштението од Центарот за вработување Куманово.
Ново на Сител
-
Средба на историската Комисија во Атина
-
Тема на денот со Ивица Томовски, директор на СОЗР
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот
-
„Таков каков што сум’’ - aвтобиографија на бизнисменот Кочо Анѓушев
-
Инцидент во Советот на Општина Кочани - советникот Акиов повреди вработена
-
Во кој суд ќе им се суди на обвинетите за пожарот во „Пулс“?
-
Клековски: Повредени од трагедијата во Kочани да не бараат консултации и процедури надвор од утврдените протоколи
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот