Семејство од кумановско се сомнева дека нивниот 60-годишен брат бил отруен, случајот пријавен во полиција

Семејство од кумановско пријавило во полиција сомневање дека нивниот 60-годишен брат, кој починал на крајот на минатата година, не починал од природна смрт, туку можеби бил отруен.
Според информациите од СВР Куманово, на 5 март годинава во 14 часот, Д.Е. (50) од селото Довезенце пријавила дека на 31 декември 2025 година околу 22 часот била известена од една од нејзините сестри дека починал нивниот брат М.П. (60) во неговиот дом во селото Довезенце, каде што живеел со неговиот татко и партнерката А.Р. од селото Младо Нагоричане, општина Старо Нагоричане.
Таа, заедно со уште една сестра и зет, веднаш отишле во домот и го затекнале братот починат на креветот.
Како што е наведено во пријавата, на 31 декември околу 20:30 часот од телефонот на починатиот била повикана Итна медицинска помош, која констатирала смрт, а неговата партнерка А.Р. била пренесена во болница откако ѝ се слошило.
Пријавителката навела дека од Итната медицинска помош не било пријавено починато лице во СВР Куманово, а потврда за смрт не им била издадена на на 31 декември 2025 година кога била констатирана смртта, туку наредниот ден – 1 јануари 2026 година, по нејзино инсистирање.
Поради овие околности, таа изразила сомневање дека нејзиниот брат не починал од природна смрт, туку дека можеби бил отруен. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
МИА
Ново на Сител
-

Средба Муцунски - Чамова во Софија
-

Родителите на судијата Ристов: Парите во ѕидот се наша заштеда од бостан, пиперки и дињи
-

Три станови гаранција за Груби
-

Втор ребаланс на буџетот: Се кратат приходи и расходи, дефицитот останува ист
-

Привремени договори, трајна несигурност за работниците во јавниот сектор
-

Со месеци чекање за дијагноза, со саати за преглед - секоја година истите маки на онколошките пациенти
-

Нема простор за паника, но има потреба од внимателност по одложувањето на вакцинацијата со БСЖ
-

Преглед на вестите од светот
