Семејствата на заложниците поднесоа тужба против Хамас пред Меѓународниот кривичен суд

Околу 100 роднини на заложниците кои ги држи Хамас во Појасот Газа денеска патуваат во Хаг за да поднесат обвиненија против палестинското движење за „злосторства против човештвото“ пред Меѓународниот кривичен суд, соопшти здружението на нивните семејства.
„Тоа не е само наша приказна, ако не го запреме ова, утре тоа ќе биде приказна за целиот свет“, рече Офре Бибас, чиј брат е еден од заложниците, непосредно пред да се качи на специјалниот лет за Хаг.
Хаим Рубинштајн од здружението што ги обединува семејствата на заложниците рече дека ќе биде поднесена тужба до судот во Хаг „против членовите на Хамас и нивните соработници за да се осигура дека ќе платат висока цена за злосторствата против човештвото што ги извршиле и се уште ги извршуваат“.
Околу 250 луѓе беа киднапирани во јужен Израел за време на нападот на Хамас на 7 октомври. 130 од нив се уште се во Газа, а 29 се верува дека починале, според Израел.
Ново на Сител
-

Трендафилов: Утре протест на ССМ
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го контролира ССМ
-

СДСМ: Божиновска била управител во фирма за трговија со струја
-

Јаневска: Законот за високо образование наскоро во владина процедура
-

Сточарите бараат итна исплата на заостанатите субвенции
-

Раст од 6,2% на бројот на туристи во јануари
-

Младите од Црвениот крст во Струмица со мали проекти поттикнуваат хумани дела
-

Мицкоски во Кочани
