Македонија
16. February 2017 - 14:15

Семејно насилство во Тетово: Ја удирал сопругата со тупаници

Полицијата од  Тетово поднесе кривична пријава против И.Ш. (60) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. 
 
На 15. јануари годинава во ПС Тетово, сопругата на пријавениот пријавила дека подолг временски период истата била физички и психички малтретирана од страна на нејзиниот сопруг.
 
Пријавениот физички ја нападнал и истиот ден кога го пријавила.
 
Истиот, по кратка вербална расправија, физички ја нападнал задавајќи и неколку удари со тупаници по телото, при што и нанел телесни повреди.