-->
-->
Села: За името на новиот министер за здравство ќе одлучуваат партиските органи
-->
Алијансата за Албанците останува во владината коалиција, а за новиот министер за здравство ќе се одлучи на партиските органи. Ќе поставиме човек којшто ќе ни го обели образот како што беше Арбен Таравари, изјави вечерва лидерот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села.
Во емисија на телевизија Алсат - М, Села истакна дека ја застапува идејата министер за здравство повторно да биде доктор.
- Имаме доволно кадри не само за Министерството за здравство, туку за секое министерство кадешто има потреба. Името на новиот министер треба да се дискутира во раководството на партијата. Јас сум за идејата да биде доктор, рече Села.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се одложи судењето за „Онкологија“, обвинета имала стомачен вирус
-
Жељазков бара извинување од Мицкоски, заострена реторика на односите Скопје - Софија
-
Висок ризик од пожари
-
Платите на административците во независните институции ќе се изедначат со останатите плати во јавниот сектор
-
Камен-темелник на нова фабрика на „Чагатај Кабло“, ќе се отворат 200 нови работни места
-
Стартуваат „Златни денови“ во Кратово
-
Преглед на вестите од светот
-
Се одложи стартот за судењето за Онкологија