Македонија
29. January 2018 - 14:47

Села: ВМРО-ДПМНЕ ги блокира интересите на најмалку една третина од граѓаните

За Алијансата за Албанците нема смисла ваквото однесување на ВМРО-ДПМНЕ за рекордниот број на амандмани за законот за јазиците.
 
- Запозаен сум дека кога ДУИ водеше преговори со ВМРО-ДПМНЕ, ист ваков закон беше подготвен да се донесе. Исто така, за нас не е прифатлива дефиницијата „јазикот кој го зборува најмалку 20 отсто“. Тоа не е во ред. Кога се прават преговори за името, со право Македонците не прифаќаат да се удира во идентитетот, но исто така никој нема право да удира по нашиот јазик и да смислува дефиниции кои се неприфатливи бидејќи албанскиот јазик се вика албански јазик и нема потреба да  се дефинира со проценти итн, изјави денеска Села.