Села: Се чувствувам разочарано од Алтернатива, нека ми кажат во кој дел Зијадин Села е антиевропски

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, во интервју за Алсат, рече дека се чувствува разочаран, но не даде конкретен одговор што се случи со заладувањето на оваа коалиција и промената на односот на Алтернативата кон неговата партија.
„Се чувствувам разочарано, не можам да се чувствувам поинаку, но и горд на секој пратеник на АА, на секој претставник на АА, кои се сериозни и решителни. Знаеме дека имавме 12 пратеници од народот, овие 12 пратеници не се сопственост на субјектот туку се сопственост на граѓанинот кој гласал за промени“, рече Села.
„Коалициите не се лесни, тие се тешки. Ние можеме да одговараме за нашите чекори, за чекорите на другите политички субјекти тие самите мора да одговараат. Ги слушнавме нивните аргументи и нека ми кажат во кој дел Зијадин Села е антиевропски“, нагласи тој.
Ново на Сител
-

Во цела држава утринските температури над нула
-

Велика Британија и Франција извршија напад врз локација на ИД во Сирија
-

Премиерот Мицкоски на отворање градинка во Сопиште
-

Мадуро префрлен во притворски центар во Њујорк
-

Сеул: Северна Кореја истрела балистички ракети кон Источното Море
-

Приемот на Бугарија во Еврозоната може да доведе до нова должничка криза по грчкиот пример
-

Облачно со локален дожд
-

Трамп: Ниту една нација во светот не може да го постигне она што Америка го постигна вчера
