Села: Повторно ожиева туризмот во Струга

Туризмот во Струга годинава повторно оживеа, оцени градоначалникот Зијадин Села.
Општината, посочи тој, направила многу, како од инвестиции во инфраструктурата, организирање културни манифетсации и привлекување инвеститори за враќање на туристите во градот
- Реализиравме проекти во инфраструктурата, организираме културни манифестации, а тука се наоѓа и првиот хотел со пет ѕвезди, со што се привлекуваат туристите. Работевме многу да го средиме и сообраќајот и со новите решенија на општинската администрација добро функционира, рече Села.
Во однос на ветувањето дека ќе ги руши нелегално изградените плажи на струшкото крајбрежје, Села нагласи дека ќе го почитува Законот, осврнувајќи се дека не треба да се донесат предложените измени на Законот за постапување со бесправно изградени објекти во заштитените крајбрежни подрачја за да се зачува Охридското Езеро
- Во моментот законски е сите тие објекти да се срушат. Ако има промена на законите за тоа треба да сносат морална одговорност политичарите кои ги носат тие закони. Плажите и јавните простории треба да им служат на граѓаните и да бидат во нивна корист, а не на некои што бесправно и нелегално узурпирале јавни простории, истакна Села.
Ново на Сител
-

Татко и син истепале лекар и медицинска сестра во поликлиника „Јане Сандански“
-

Битолчанец ѝ се заканувал со смрт на сопругата со која се разведува
-

На 17 години заминал во Канада, работел на фарма и чистел котли во пилана – денес Илон Маск е најбогатиот човек во светот
-

Следните парламентарни избори ќе бидат во април 2028 година, најави Мицкоски
-

Мицкоски: Најмалку 10% од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20% пониска цена за млади брачни парови
-

Стотици училишта во Германија и во Данска добиле заканувачки пораки: „Ве чека смрт“
-

Јаневска најави средби со студентите за новиот модел на студентски оброк
-

ЈП Лајка: Вдомени 10 кучиња за една недела, апел до сопствениците да не ги оставаат милениците без надзор
