Села: Македонците ги имаат зафатено вашите работни места, ќе ги избркаме и ќе вработиме Албанци!
Коалицискиот партнер на Зоран Заев, од кого ќе зависи функционирањето на идната влада која Заев се обидува да ја направи со албанските партии игнорирајќи ја волјата на мнозинството Македонци, Зијадин Села, скандалозно најавува како ќе функционира новата власт и што подразбира тој под поголема регионална автономија за каква што се залага Заев.
Села, на еден од митинзите во предизборието, скандалозно изјавува дека ќе бркаат Македонци од работа, односно Македонците ќе излезеле од институциите како технолошки вишок затоа што, како што вели партнерот на Заев, ги имале зафатено нивните места.
-Регионалните министерства тука во Струга нема да имаат вработени 20% Албанци или 10% или ниту еден, туку 65% ќе бидат Албанци, Македонците ќе излезат како технолошки вишок затоа што ги имаат зафатено нашите места – рече Села.
Ново на Сител
-
Експертите предлагаат со закон да се обезбеди континуитет на веб страните на институциите
-
Бугарија бара Бугари и меѓу Македонците муслимани на Косово
-
Проекција на НБРМ: Намален раст и забавена инфлација – Цените на храната двојно повисоки од светските
-
Загрижувачка е состојбата со алергии кај децата
-
Студентите на Правен при УГД-Штип симулираа Европски парламентарни избори
-
НБРМ со надолна корекција на растот на македонската економија
-
Петто 4х4 рели во Крушево
-
Преглед на вестите од светот