-->
-->
Села хоспитализиран на клиниката кардиологија
-->
Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, синоќа бил хоспитализиран на Универзитетската клиника за кардиологија во Скопје поради силна болка во градите. Веста на Фејсбук ја потврди и портпаролот на Алијансата за Албанците, Флакрон Беџети.
- Во текот на вчерашниот ден, претседателот на нашата партија, г-дин Зиадин Села, имаше болки во градите што беа причина да биде примен во Универзитетската клиника за кардиологија во Скопје. По прегледите, се востановило дека е во добра здравствена состојба и во стабилна состојба. Претседателот Села ќе се врати дома во текот на денешниот ден или утре и ќе продолжи со редовните секојдневни активности.
Ви благодариме за интересот и грижата, напиша Беџети на Фејсбук.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Златни денови Кратово 2026
-

Саботна средба за Изборниот Законик
-

Тема на денот со Игор Ивановски, професор
-

Златни денови Кратово 2026
-

Два случаи на Западнонилска треска потврдени на инфективната клиника
-

Саботна средба за Изборниот законик
-

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство по две години на власт
-

Кој ќе биде нов секретар за државно владеење
