Македонија
30. July 2015 - 16:16

Секојдневни масовни тепачки меѓу туристи во Охрид

Изминативе три недели лекарите од општата болница со полни раце работа тие во  текот на 18 часовното дежурство интервенирале околу30 до  40 случаеви.Само ноќеска 9 лица завршија во хирургија со посекотини рани и удари во пределот на главата и целото тело.Младите туристи од земјава и странство најчесто во алкохолизирана состојба за банални причини ноќните збави ги завршуваат со групни тепачки во кои многу често страдаат   и случајни минувачи.

Надлежните велат дека со засилени контроли ќе се намалуваат ваквите инциденти кои се случуваат во туристичките места поради големиот број на посетители .

Инаку според податоците од општата болница за 50 посто е зголемен бројот на интервенции во однос на изминатата  години во летниот период.