Македонија
24. November 2026 - 12:22

Секој втор Македонец пуши цигари

Секој втор граѓанин во Македонија пуши цигари, а ако се земат предвид и корисниците на електронски цигари, процентот достигнува 54 отсто.

Ова го покажува најновото истражување на Аналитика, спроведено на 1.065 граѓани.

Зголемена е и секојдневната употреба на цигари, за кои еден пушач месечно во просек издвојува 4.800 денари. Според истражувачите, со растот на минималната плата, кој не е проследен со соодветен раст на цените на цигарите, тие стануваат се подостапни. Покрај усвојувањето на новиот закон за заштита од пушење, од Аналитика препорачуваат зголемување на акцизите за цигарите, по примерот на европските земји, но и поголем фокус на мерките за откажување од пушењето.