Секој петти македонец под својата облека крие "Made in Macedonia"
Секој петти грк носи облека Made in Macedonia. Спред истражувањето на бизнис асоцијацијата на текстилните производители, до пред две години, 20 отсто од облеката која од странство влегувала во Грција била произведена токму во Македонија, а 23 отсто била грчка роба.
Половина од пазарот покрива Бугарија,макеоднските текстилци се на второт место, а само мал процент од грчкиот пазар држат другите земји, Албанија, Турција и Романија. Ваквиот тренд според домашните текстилните работници има благо намалување поради финансиската криза, со која подоглго време се соочува нашиот јужен сосед. Се надеваат дека во брзо време, нивните партнери од таму ќе ги решат проблемите со финансисите за да се врати старата добра соработка меѓу двете земји.
Многу често се случува во Грција, на парче облека од внатрешната страна да има натпис Made in Macedonia, поради што, грчките блогери ги обвинуваат познатите модни брендови во земјата, дека тие преку ваквите етикетите ја признаваат соседната земја под уставно име.
Европските земји и натаму се традиционалните партнери на македонските тескстилни работници. Иако со глобалната криза, работата на домашните комапнии беше загрозена, тие успеаа да ги задржат своите партнери од Европа и да извезуваат таму.
-

Ирена Чачкова
Сите содржини од овој новинар
