-->
-->
СЕХА: Вардар стартува против Војводина
-->
Македонските претставници во СЕХА лигата попладнево и вечерва ќе одиграат натпревари на домашен терен. Во Скопје македонскиот првак Вардар ја пречекува Војводина, првак на Србија, која пред два дена со гол во последната секунда се спаси од пораз во Струмица. „Црвено-црните“ важат за фаворит во овој дуел. Почетокот на натпреварот е во 20:15 часот.
Макс Струмица по ремито (25:25) со Војводина во кус период повторно е домаќин, овојпат на првакот на Словачка Татран Прешов. Избраниците на тренерот Марјан Андонов ќе треба да се надминат доколку сакаат да стигнат до позитивен резултат. Натпреварот Макс Струмица – Татран Прешов почнува во 17:45 часот.
Покрај овие два дуела денеска се игра и натпреварот на двата тима од Хрватска Загреб е домаќин на Нексе.
Вчера бранителот на пехарот Веспрем во првиот натпревар оствари победа над Мешков Брест со 31:24.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Парламентарни избори 2024
-
Пендаровски и Силјановска секојдневно на терен
-
Судски совет не ги утврди листите за избор на двајца нови членови на советот
-
Студентите на Штипскиот универзитет се едуцираат како да стартуваат сопствен бизнис
-
Преглед на вестите од светот
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот