-->
-->
СЕХА: Вардар по реванш кај Загреб
-->

Ракометарите на македонскиот првак Вардар попладнево имаат тешко гостување во рамките на СЕХА лигата. Во Вараждин тие за ривал го имаат хрватскиот првак ППД Загреб екипа од која загубија натпревар сезонава од Лигата на шампионите.
Загреб во саботата на теренот во Вараждин го совлада шампионот Веспрем и покажа дека смената на тренерот е во добра форма. Воедно оваа екипа со два натпревара помалку има десет бодови помалку од Вардар и со евентуална победа ќе има шанса да се пробие на второто место на табелата.
Вардар е единствената екипа во СЕХА лигата без пораз.
Покрај овој дуел денеска играат и Татран Прешов – Веспрем.
Табела: Вардар 35 бодови, Мешков Брест 26, ППД Загреб 25, Веспрем 23, Цеље 21, Горење 12, Татран Прешов 10, Нексе 9, Металург 7, Извиѓач 3.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со г. Георгиј, митрополит Дебарско-кичевски
-

Гориво со попуст за граѓаните се извезувало во странство?!
-

Грција привремено го суспендираше системот ЕЕС
-

Уште 3.000 граѓани заминале за Грција
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања кој ја блокира ЕУ агендата
-

СДСМ бара истрага за унгарскиот кредит
-

Нападот врз синагогата во Скопје бил внимателно планиран
-

Лекари од Македонија кои работат во странство преку телемедицина ќе лекуваат пациенти во земјава
