-->
-->
СЕХА: Вардар како број 1 влегува на Ф4 турнирот
-->
Европскиот и македонски првак и бранител на титулата во СЕХА лигата Вардар со победата постигната синоќа во Загреб над хрватскиот првак ППД Загреб го потврди првото место на табелата и како број 1 ќе настапи на завршниот турнир Ф4. На завршниот турнир ќе настапат четирите првопласирани екипи, а само Вардар е со сигурен пласман.
Во натпревар со неизвесна завршница Вардар поведе со 25:24 со голот на Игор Карачиќ на 10-тина секунди пред крајот. Во последниот напад голманот на Вардар Страхиња Милиќ го одбрани последниот удар на противничкиот тим за нова победа на „црвено-црните“. Воедно Вардар и по 15 коло е без пораз во ова натпреварување.
Инаку во поголемиот дел од натпреварот хрвцатскиот шампион имаше водство.
Најефикасни кај Вардар беа Карачиќ и Тимур Дибиров со по 5 голови, додека Милиќ имаше 12 одбрани.
Вториот македонски тим во СЕХА лигата Металург вчера загуби на гостувањето кај Горење со 37:25.
До крајот на регуларниот дел остануваат да се одиграат уште три кола.
Од 15.коло денеска се играат дуелите: Татран Прешов - Нексе и Цеље - Динамо Панчево.
Табела: Вардар 43 бодови, Загреб 31, Мешков Брест 31, Цеље 26, Горење 24, Татран П.17, Металург 16, Нексе 8, Динамо Панчево 8, Војводина 6.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Митрески го чека извештајот од ДИК и ќе закаже седница за инаугурација на Сиљановска Давкова во недела во 12 часот
-
Мазутот поевтинува, цената на бензините и дизелот не се менува
-
Вкупно 538 случаи на голема кашлица до 2 мај, регистрирани првите од Крушево
-
Белгиските и холандските медиуми за изборите: Гласачите изразија незадоволство од бавните преговори за членство со ЕУ
-
Во Шпанија луѓето живеат во просек 84 години
-
Лазаров побара голема поддршка од публиката пред реваншот со Фарски острови
-
Возило излетало од коловозот на патот Македонска Каменица - Виница, возачот починал
-
Во Нов Дојран во двор пронајдена граната од Пртва светска мвојна