-->
-->
СЕХА: Вардар гостува кај Цеље
-->

Шампионот на СЕХА лигата Вардар попладнево го игра дуелот од 5.коло од ова натпреварување. „Црвено-црните“ гостуваат во Цеље кај истоимената домашна екипа. Вардар со пет победи од истотолку натпревари е на врвот на табелата, а европскиот првак важи за фаворит и на овој дуел иако игра на теренот на Цеље.
Тренерот Раул Гонзалез нема да може да сме на поврдените Фереира, Стоилов и Македа, а во зависност од резултатот шанса ќе добијат повеќе играчи кои воглавно се дел од поширокиот список на Раул.
- По двата дуела со Барселона и со загреб можеби сме малку уморни и со повредени играчи, но ние сме европски шампиони и СЕХА прваци и мора да играме на победа. Главна задача ќе биде да го запреме нивиот најдобар играч Млакар, изјави пикерот на на Вардар Мијајло Марсениќ, кој е единствениот избор на таа позиција за овој дуел на тренерот Раул.
Вардар е прв на табелата со 15 бодови, а Цеље е на 5.место со 10. Натпреварот се игра во салата „Златорог“, а почнува во 17:45 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ го прославува 36. роденден
-

Филипче: Ни требаат храбри одлуки
-

Стопанска банка и Мастеркард го прошируваат партнерството со поволности за корисниците
-

Тема на денот со Драган Ковачки, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

Мицкоски за реконструкција на владата и инфрастуктурни и здравствени проекти на југоистокот
-

Протоколот со Бугарија останува дел од извештајот за напредокот на Македонија
-

Средба Муцунски - Мекенти: Поддршка за европската интеграција и јакнење на билатералната соработка со Ирска
-

8 години од Преспанскиот договор
