СЕХА: Кристопанс МВП на Ф-4
Скопски Вардар го освои петтиот пехар во СЕХА-лигата, а дури четворица ракометари од победничката екипа на Ф4-турнирот, кој предмалку заврши во Брест, Белорусија, се најдоа во идеалната постава. Честитките се за Милосављев, Дибиров, Стоилов и Криштопанс.
Летонецот беше прогласен и за најкорисен играч на турнирот.
Во најдобриот тим на СЕХА, Ф4-турнирот, се и Бичаниќ и Хорват од Загреб, Обрановиќ од Мешков, а Павел Хорак (Мешков) е прогласен за најдобар дефанзивец.
Голман – Дејан Милосављев (Вардар)
Лево крило – Тимур Дибиров (Вардар)
Лев бек – Дамир Бичаниќ (ППД Загреб)
Среден бек – Сандро Обрановиќ (Мешков Брест)
Десен бек – Даинис Криштопанс (Вардар)
Десно крило – Златко Хорват (ППД Загреб)
Пивот – Стојанче Стоилов (Вардар)
Дефанзивец – Павел Хорак (Мешков Брест)
МВП – Даинис Криштопанс (Вардар)
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста