Седумнаесет тони нафта се излеаја во Јадранското Море кај хрватскиот остров Хвар
Вкупно 17 тони нафта се излеаја денес во Јадранското Море кај хрватскиот остров Хвар откако пукна цевка на резервоар за нафта во сопственост на хрватската нафтена компанија Ина, објавија хрватските медиуми.
Полициската управа на општина Сплит-Далмација денеска во 9:30 часот по локално време добила информација за загадување со нафта во морето во близина на четвртиот по големина хрватски остров Хвар, објави локалното издание „Слободна Далмација“.
Според соопштение од полицијата, од резервоар на компанијата „Ина“ се излеале 17 тони нафта, забележува изданието „Вечерни лист“. Полициски и крајбрежни стражарски екипи, пожарникари и претставници на пристанишните власти се на лице место. Тие се обидуваат да ги ограничат последиците од излевањето.
Паралелно, во тек е истрага за инцидентот.
Ново на Сител
-
Хаварија во Пинтија, од резервоар на приватен објект се излеале хемикалии, Град Скопје апелира Општина Кисела Вода и МЖСПП да реагираат
-
Арбен Таравари си поднесе оставка од министерската функција
-
Притвор за дилер од Битола, продавал марихуана на деца
-
Лавров: Ситуацијата околу преговорите во Истанбул е интригантна, ќе има тешки разговори
-
Дизелот поскапува, цената на бензините останува иста
-
Полицаец фатил 15-годишник како вози па бил нападнат од него и неговиот татко
-
Малолетник силувал 14-годишник во Карпош
-
Полицијата уапси три лица во Скопје, пронајдена марихуана, прашкаста и грутчеста материја