Седум возачи лишени од слобода поради управување возило без дозвола

Вчера се приведени седум возачи поради управување возило без возачка дозвола, од кои двајца се малолетници.
-Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода седум возачи затоа што управувале возило без да поседуваат возачка дозвола. Од нив двајца во Скопје и по еден во Гевгелија, Богданци, Гостивар, Тетово и Битола. Возачот во Гостивар е малолетник, како и еден од возачите во Скопје, кој управувал мотоцикл. Лицата се приведени во полициска станица, а по насоки на јавен обвинител возилата се одземени и по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, се вели во соопштението од МВР.
Оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол за заеднички придонес за побезбеден сообраќај.
МИА
Ново на Сител
-

Македонски државјани од Саудиска Арабија, Кувајт и Бахреин со специјален лет се враќаат во земјава
-

Одбележување 83 години од депортацијата на 7.144 македонски Евреи во логорот Треблинка
-

Белата куќа вели дека САД нема да бидат „задоволни“ ако Русија споделува разузнавачки информации со Иран
-

37 санкции во акциска контрола на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот
-

Шест лица загинаа, неколку се повредени во пожар во автобус во Швајцарија
-

Голем ирански напад со ракети и дронови врз Израел и земјите од Заливот
-

Без струја делови од Карпош, Ѓорче Петров, Аеродром и Кисела Вода
-

Студено утро, во текот на денот сончево и топло до 20 степени
