-->
-->
Седум патнички возила вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација
-->

На граничниот премин Табановце во текот на вчерашниот ден, полицијата констатирала непочитување на законите кај седум патнички возила што вршеле меѓународен превоз на патници.
-При контрола на седумте возила, сите скопски регистарски ознаки, управувани од Б.Т.(35), К.Ѓ.(65), А.Г.(59), И.В.(39), С.Д.(45), Љ.И.(55) и С.И.(52), сите од Скопје, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација – лиценца за вршење меѓународен превоз на патници, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и возилата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Муцунски за МИА: Работиме на одржливо решение, кое нема повторно да создава ризици
-

Охрид полн со туристи но и со смет
-

Милионска санација за штипската болница
-

Одбележување на Илинден во Пелинце и Св.Прохор Пчински
-

Сиљановска Давкова за Илинден во Скопје
-

123 години од Крушевската република
-

Филипче со илинденска порака од Мечкин Камен
-

Уапсени се 6 лица по вчерашното пукање на семејна прослава во гостиварско
