Македонија
17. July 2019 - 9:14

Седници на три собраниски комисии

 Во Собранието за денеска се најавени седници на комисиите за одбрана и безбедност, за земјоделство, шумарство и водостопанство и на Законодавно-правната комисија.

Членовите на Комисијата за одбрана ќе расправаат за измени и дополнувања на Законот за пожарникарство, а на Комисијата за земјоделство за предлог – законите за изменување и дополнување на законите за земјоделското земјиште, во второ читање, и за основање на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, во прво читање.

На дневен ред на Закондавно-правната комисија, меѓу останатото, се Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на Регулаторната комисија за домување, во втора фаза, како и предлог-законите за изменување и дополнување на законите за возила, за земјоделското земјиште, за основање на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој , во прво читање. Комисијата треба да расправа и за предлог законите за изменување на Законот за пожарникарството, во второ читање и за Предлог – закон за јавните набавки во областа на одбраната и безбедноста, во прво читање.