Македонија
14. September 2017 - 8:24

Седници на три собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за европски прашања, за економски прашања и за култура. 

На собраниската Комисија за европски прашања е закажана јавна расправа на тема „Младинските организации како дел од Берлинскиот процес".

На комисијата за економски прашања на дневен ред е Предлог на  закон за трговија на зелени пазари, по скратена постапка - второ читање, поднесен од Ејуп Аљими, Петре Шилегов, Весел Мемеди, Артан Груби. 

Комисијата за култура на седницата има три точки на дневниот ред - Предлог-закон за престанување на важењето на Законот за националниот уметник на Република Македонија во прво читање;  Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за употреба на македонскиот јазик во прво читање и Активности за подготовка на Предлог-програмата за одбележување на јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности во Република Македонија за 2018 година.