Седници на пет собраниски комисии
Во Собранието на Република Македонија за денеска се најавени седници на собраниските комисии за економски прашања, за финансирање и буџет, за земјоделство, шумарство и водостопанство, за труд и социјална политика и на Законодавно-правната комисија.
На дневен ред на Комисија за економски прашања е Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, по скратена постапка, во второ читање, а на Комисијата за финансирање и буџет Предлог - законот за дополнување на Законот за јавните набавки, по скратена постапка , во второ читање.
Членовите на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство треба да расправаат за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој, по скратена постапка, а членовите на Комисијата за труд и социјална политика за Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, по скратена постапка, во второ читање.
За предлог законите што се на дневен ред на тие четири комисии треба да се изјасни и Законодавно-правната комисија.
Ново на Сител
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
СДСМ избра дел од кандидатите за градоначалници
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Кратово доби мултинаменски спортски центар
-
Штипска Апелација одлучи предметот за „Пулс“ да го препрати на Врховен
-
Поранешните директори на Онкологија одат во притвор
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
Мерко осуден на казна од 10.000 евра за незаконско именување директори