Седници на пет собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија за денеска се закажани седници на пет собраниски комисии.
На дневен ред на седницата на Комисијата за одбрана и безбедност е Предлог-законот за изменување на Законот за полиција, во второ читање, а на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за обезбедување на побарувањата, во второ читање.
Членовите на Комисијата за транспорт, врски и екологија треба да расправаат за предлог-законите за изменување и дополнување на законите за домување, за работното време, задолжителните одмори на мобилните работници и возачите во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај, за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај, за јавните патишта, за воздухопловство, за градежно земјиште, во второ читање. Дел од дневниот ред на Комисијата се и предлог - законите за изменување и дополнување на законите за снабдување со вода за пиење и одведување урбани отпадни води, за железничкиот систем, за сигурност во железничкиот систем, за интероперабилност во железничкиот систем, за внатрешната пловидба, за гробишта и погребални услуги, за комуналните дејности, за поштенските услуги, за јавна чистота, во второ читање. Комисијата за транспорт треба да се изјасни и за предлог законите за изменување и дополнување на законите за постапување со бесправно изградени објекти, за автокампови, за просторно и урбанистичко планирање и за градење, исто така во второ читање.
На седницата на собраниската Комисија за труд и социјална политика се предлог-законите за изменување и дополнување на законите за правата на воените инвалиди, на членовите на нивните семејства и на членовите на семејствата на паднатите борци и за спречување и заштита од дискриминација, во второ читање.
За повеќе од точките од дневниот ред на најавените комисии за денеска треба да расправа и Законодавно-правната комисија.
Ново на Сител
-

Претставници од иницијативата „Стоп за Усје“ на средба со министерот Мухамед Хоџа
-

Тема на денот со Билјана Ивановска, граѓанска иницијатива ,,Шанса за Центар"
-

Ослободителна пресуда за екс премиерот Никола Груевски за случајот со изградбата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ
-

Условна казна затвор од една година доби екс претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска
-

ДНК на судијата Ристов пронајдена на фолијата со 350 илајди евра
-

Партиите без компромис, Изборниот законик останува заглавен
-

Регионализација и дигитализација во здравството приритет и за Клековски - новите министри ги презедоа функциите
-

Долгови, неисправни камиони и спорни исплати: Што откри државната ревизија во „Комунална хигиена“
