Седници на две собраниски комисии
- Во Собранието на Република Македонија за денеска закажани се седници на Комисијата за политички системи и односи меѓу заедниците и на Комисијата за финансирање и буџет.
На дневен ред на Комисијата за политички системи и односи меѓу заедниците се измените и дополнувањата на Законот за судовите, на Законот за Судскиот совет на РМ и на Законот за инспекциски надзор, сите во второ читање.
Членовите на Комисијата за финансирање и буџет, пак, ќе ги разгледаат измените и дополнувата на Законот за Фондот за осигурување на депозити, на Законот за задолжителни резерви за нафта и нафтени деривати, на Законот за државната ревизија, на Законот за ревизија на инструментот за претпристапна помош (ИПА), на Законот за девизната инспекција, на Законот за Народната банка на РМ, на Законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, на Законот за Управата за јавни приходи и на Законот за финансиската полиција, сите во второ читање.
На дневен ред на оваа седница меѓу другите точки се и измените и дополнувањата на Законот за супервизија на осигурување, на Законот за хартии од вредност и на Законот за Централен регистар, во второ читање.
Ново на Сител
-
Мицотакис: Нема да ги ратификуваме меморандумите за соработка
-
Џафери на регионален самит во Котор
-
Маричиќ ги презентираше приоритетите од планот за раст
-
Младите против врсничко насилство
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија
-
Атентат врз словачкиот премиер
-
Флекс кредит и СОС Детско Село заедно за Денот на семејството