Седница на Уставен суд

Уставниот суд денеска ќе ја одржи 10. седница. На дневен ред e предвидено да се дискутира по осум предмети за оценување на уставност и законитост и да се донесат одлуки за четири предмети.
На дневен ред е иницијатива поднесена од Центарот за истражување и информирање за животната средина „ЕКО СВЕСТ“, застапувани од Ана Чоловиќ-Лешовска, со која се оспорени членови од Законот за животната средина.
Подносителот на иницијативата, како што велат од Судот, тврди дека со оспорените одредби е повредено правото на граѓаните на здрава животна средина, уредувањето и хуманизацијата на просторот и заштитата на животната средина, утврдена како темелна вредност во членот 8 став 1 алинеја 10 од Уставот, како и слободата на пристап и примање на информации, уредени со членот 16 од Уставот. Според наводите во иницијативата, противуставно е спроведувањето на проекти коишто би можеле да имаат влијание врз животната средина, без да биде спроведена постапка за оценување на влијанието на проектот врз животната средина и без информирање и вклучување на јавноста во донесувањето на одлуки за животната средина.
На дневен ред, меѓу другите точки се и иницијативите со кои се оспорени членови од Законот за водите, од Законот за управните спорови и од Законот за земјоделското земјиште.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар/аналитичар
-

Преглед на вестите од светот
-

Нов член во Судски совет според нов закон, а стари критериуми
-

Масовен вандализам во Ново Лисиче: Оштетени над 40 возила
-

СДСМ со нова т.н бомба, ВМРО-ДПМНЕ ги бара документите со кои Филипче добил златна виза
-

Осумчлено семејство остана без дом, откако пожар им ја пеплоса куќата
-

ЈКП-ЈА бараат итни измени во Законот за јавни претпријатија
-

Охрид исполнет за празниците
