Македонија
11. September 2023 - 8:17

Седница на собраниската Законодавно-правна комисија

Собраниската Законодавно-правна комисија денеска ќе одржи седница на чиј дневен ред се предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за личната карта и на Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните, двата по скратена постапка.

Пред Комисијата е и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здравственото осигурување, по скратена постапка.