Седница на собраниската Комисија за надворешната политика

Собраниската Комисијата за надворешната политика денеска ќе одржи седница, на која ќе бидат претставени платформите за дипломатски активности на амбасадорите на нашата држава во Косово, Албанија, Катар, Кралството Данска, при Мисијата на Обединетите Нации во Женева и при Мисијата во Советот на Европа, Стразбург.
Пред членовите на Комисијата платформата за дипломатски активности ќе ја претстави амбасадорот Теута Агаи Демјаха при Мисијата на Обединетите Нации во Женева, амбасадорот Шпреса Јусуфи при дипломатско-конзуларното претставништво во Приштина, Косово, амбасадорот Шабан Јашари при дипломатско-конзуларното претставништво во Доха, Држава Катар, амбасадорот Светлана Гелева при Мисијата во Советот на Европа, Стразбург, амбасадорот Данчо Марковски при дипломатско-конзуларното претставништво во Тирана, Албанија и амбасадорот Фатон Бејта при дипломатско-конзуларното претставништво во Копенхаген, Кралството Данска.
Ново на Сител
-

Чолакова Дервишова: Боледувањата се даваат ако сте болни, а не за задоволување на желби и патување
-

Почна дебатата во ООН
-

Тема на денот со Лилија Чолакова Дервишова, претседателка на Здружение на приватни лекари
-

Пожар во деловни простории во кругот на Железара
-

Шверцувале цигари и лекови, цариник им давал информации за контролите
-

Лекарска комора го осуди физичкиот напад врз гинекологот Огненовиќ
-

Мицкоски од Њујорк: Македонија е жртва на булинг во Европа
-

Јулските плати зголемени за 2 евра во однос на јуни
